Aрон Гордон/Newcastle United F.C.

ВИДЕО: Гордон одигра историско полувреме, Њукасл веќе може да слави осминафинале во ЛШ

Њукасл Јунајтед со една од најубедливите настапи сезонава практично си обезбеди место во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Карабах славеше со убедливи 6-1.

Англискиот премиерлигаш ја заврши работата уште по првите 45 минути, кога на семафорот стоеше 5-0. Централна фигура во шоуто беше Арон Гордон, кој одигра полувреме за историја, постигнувајќи дури четири погодоци.

Гордон го отвори резултатот уште во третата минута, а веќе во осмата Малик Тиав зголеми на 2-0. До паузата, Гордон двапати беше прецизен од белата точка, во 32. и 46. минута, а меѓу тие два пенала постигна и уште еден гол од игра, комплетирајќи ретко виден подвиг.

Со четирите гола во едно полувреме, Гордон стана само втор фудбалер во историјата на најсилното европско клупско натпреварување кому му успеало такво нешто. Пред него, тоа го направи Луиз Адријано во дресот на Шахтјор Доњецк во 2014 година.

Во вториот дел, Карабах успеа да постигне почесен погодок преку Кафралуиев, но тоа беше само момент на утеха. Конечните 6-1 ги постави Џејкоб Марфи на дваесетина минути пред крајот, за целосна доминација и мирен пат кон нокаут фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот