ВИДЕО | Голот на Тео Ернандез го одлучи италијанското дерби помеѓу Милан и Наполи

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Дербито на денот во италијанската Серија А вечерва заврши со победа на Милан, а го одлучи само еден гол.

Шампионот Наполи кој сезонава не е ниту бледа сенка на тимот кој минатата сезона го освои Скудетото вечерва беше поразен со минимални 1:0.

Моментот на одлука се случи во 25. минута кога бекот на „росонерите“ Тео Ернандез ја погоди мрежата. Тој гол на крајот се покажа и како доволен за три бода на тимот предводен од Стефано Пиоли.

Милан на табелата со 52 бода се наоѓа на третата позиција, Јувентус е второпласиран со 53, но „старата дама“ својот натпревар од ова коло го игра утре, додека Интер е на врвот со 60 бода. Наполи од друга страна е деветти со само 35 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот