Screenshot/X

ВИДЕО: Голман направи бизарен кикс во 92. минута, неговиот тим испадна

Елиминацискиот дуел од осминафиналето на Купот на Катар меѓу Ал Шанија и Ал Шамал привлече големо внимание, но не поради квалитетен фудбал, туку поради навистина неверојатниот автогол на голманот Оумар Бари.

Натпреварот течеше во мирен ритам и без голови сè до самата завршница, поточно до 92. минута. Тогаш играчите на Ал Шанија добија слободен удар од околу 40 метри. Јосуф Раиси упати силен удар директно кон средината на голот, а сè укажуваше дека Бари без поголеми проблеми ќе интервенира.

Сепак, следуваше шокантен момент, голманот најпрво ја одби топката високо во воздух, а при обидот да ја исфрли над пречката, несреќно ја смести во сопствената мрежа. Тој автогол се покажа како решавачки, бидејќи до крајот немаше промена на резултатот, па Ал Шамал на најнесреќен можен начин го заврши настапот во Купот на Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот