Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Голема лебарка ѝ слета на маицата, а репортерката не прекина да известува: „Заслужува покачување“

Репортерката на американската телевизија КТЛА 5, Рејчел Менитоф, стана хит на социјалните мрежи откако за време на јавување во живо ја задржа присебноста и покрај тоа што голема летечка лебарка ѝ слета на маицата.

Додека известуваше од населбата Шерман Оукс во Лос Анџелес за екстремниот топлотен бран што ја зафати јужна Калифорнија, инсектот слета на нејзината црна маица, а потоа почна да се движи кон вратот и микрофонот.

Иако на снимката може да се забележи дека за момент ги рашири очите од изненадување, Менитоф не ја прекина репортажата. Не извика, не оттурна ништо од себе и продолжи да зборува како ништо да не се случува. Дури откако го заврши јавувањето, мирно го оттурна инсектот.

Нејзината реакција ги воодушеви и колегите во студиото. Водителите на утринската програма повторно ја пуштија снимката, прикажувајќи го моментот во забавена снимка за гледачите, а низ смеа заклучија дека малкумина би останале толку смирени во таква ситуација. Водителката Меган Хендерсон особено ја пофали нејзината професионалност, истакнувајќи дека ретко кој би успеал да ја задржи присебноста пред камерите.

Видеото брзо стана вирално и собра повеќе од 100 илјади прегледи на јутјуб-каналот на телевизијата, а коментарите беа преполни со пофалби.

„Таа е шампион на ‘Фир фактор’“, напиша еден корисник, додека друг коментираше: „Јас ќе врескав на цел глас. Заслужува покачување за ова.“

Многумина признаа дека во таква ситуација би доживеале паника пред камерите, оценувајќи дека смиреноста на репортерката е навистина импресивна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот