ВИДЕО: Гневниот Клоп ги нападна телевизиите: Готови сме, знам дека не се грижите за нас

Фото: EPA-EFE/Rui Vieira / POOL

Ливерпул во едно од дерби пресметките во деветтото коло од Премиер лигата со убедливи 3:0 го совлада Лестер иако менаџерот Јирген Клоп има огромни проблеми со повредите на играчите.

По победата, Клоп го искористи моментот за изјава да ги нападне носителите на ТВ правата. Менаџерот на Ливерпул е гневен што неговите но и фудбалерите на останатите екипи се борат со повреди, замор и болести во пеколниот распоред кој сезонава е дополнително згуснат поради пандемијата на коронавирусот.

За Клоп главни виновници се ТВ куќите кои инсистираат да се играат сите клупски и репрезентативни натпревари за да им исплатат скапо платените телевизиски права и поради тоа менаџерот на Ливерпул ги нападна Скај спорт и БТ Спорт.

Неговиот напад кон ТВ куќите беше цензуриран, но неговата изјава ја слушна целиот свет благодарение на американската Ен-Би-Си.
– Доколку вие и БТ Спорт не се договорите, ние сме готови. Доколку продолжиме да играме во среда и четврток во еврокуповите и за репрезентациите, а потоа за викендите во Премиер лигата, не сум сигурен дека сезоната ќе ја завршиме со 11 здрави фудбалери. Знам дека на вас не вие грижа за тоа, и токму тоа е проблемот.
Не го зборувам ова само поради нас во Ливерпул, туку поради сите фудбалери. Фудбалерот кој треба да биде дел од англиската репрезентација на ЕП, Сака го повреди коленото само една недела откако одигра дури три натпревари за националниот тим. Ми велат да ги ротирам играчите. Но, кои играчи? Во тимот ми останаа само деца. Доколку некој уште еднаш ги спомне ТВ правата, навистина ќе полудам. Треба да се почитуваат потпишаните договори но тие не се направени ниту потпишани за корона-сезона. Сите мора да се адаптираме на новата ситуација па затоа сега зборуваме со маски. Се се промени, животот се промени, само договорите со ТВ куќите остануваат исти и тие на секој проговор одговараат: Тоа е наше и ние не го пуштаме – рече бесниот Клоп, но англиските фановите не ги слушнаа овие зборови бидејќи беше цензуриран од Скај спорт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот