ВИДЕО: Ѓоковиќ ги започна подготовките за настап на првиот голем турнир годинава

Новак Ѓоковиќ месецов конечно ќе настапи на првиот голем турнир во 2022 година, мастерсот во Монте Карло.
Откако француската влада ги ублажи мерките против коринавирусот, првиот тенисер на светот кој е невакциниран, пристигна во Монте Карло и ги започна подготовките за настап на турнирот кој започнува на 11 април.
Новак на социјалните мрежи објави кратко видео од еден од тренинзите на терените на кои ќе се игра турнирот .
👋😃 @ROLEXMCMASTERS pic.twitter.com/Ptp1LwECbq
— Novak Djokovic (@DjokerNole) April 3, 2022
На мастерсот во Монте Карло нема да настапат вториот и третиот тенисер на светот, Данил Медведев и Рафаел Надал кои се повредени.
Новак Ѓоковиќ во 2022 година одигра само три официјални меча и тоа на турнирот во Дубаи каде ги совлада Мусети и Хачанов по што загуби од Весели, а ги пропушти Австралија Опен бидејќи беше протеран од Мелбурн, како и мастерсите во Индијан Велс и во Мајами бидејќи владата на САД не дозволува влез во земјата на невакцинирани лица.