ВИДЕО: „Ѓаволско“ полувреме на Јунајтед за победнички крај на 2021 година

Манчестер јунајтед со убедлив триумф ја заврши годината/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед со победа ја завршија 2021 година откако на „Олд трафорд“ со 3:1 го совладаа Барнли во рамки на 20 коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ работата ја завршија уште во првото полувреме кога беа постигнати сите четири гола.
Резултатот го отвори Скот Мектомини со голот во осмата минута, додека во 27 минура Бен Ми со постигна автогол.

Само осум минути подоцна, во листата на стрелци се запиша и Кристијано Роналдо за убедливо водство од 3:0. Гостите во финишот од првиот дел преку Арон Ленон само успеаја да го ублажат поразот.

Со победата, Јунајтед се израмни со Вест Хем на петтото место на табелата со 31 бод, но има и натпревар помалку од „чеканите“. Барнли остана во опасната зона, со 11 бода се наоѓа на делба на 18 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот