Гетафе - Реал Мадрид/Getafe C.F.

ВИДЕО: Хетафе со еврогол го урна Реал среде Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва направија чекор назад во борбата за титулата во Ла Лига и беа поразени на свој терен од Хетафе со минимални 1-0.

Беа подобар противник „кралевите“ и создадоа повеќе прилики за гол, меѓутоа изостана реализацијата, а тоа Хетафе знаеш да го казни. Oдлучувачкиот момент на натпреварот се случи во финишот од првиот дел кога во 39. минута Сатариано на фантастичен начин зафати еден отпадок и со силен удар го матираше Куртоа.

Во второто полувреме се обидуваа избраниците на Алонсо ја имаа иницијативата, меѓутоа реализација немаше. „Кралевите“ во последните моменти од натпреварот останаа и со играч помалку бидејќи поради реакција кон главниот судија директен црвен картон заработи Мастантуоно. Набрзо по тоа исклучување видовме и уште еден црвен картон и тоа Лисо на спротивната страна.

Ќе потсетиме, поради повреда Реал Мадрид и во овој натпревар беше без Килијан Мбапе.

Со овој пораз, Реал на табелата остана на четири бода негатива зад Барселона која е лидер со 64.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот