ВИДЕО: Герет Бејл го прогнозираше финалето во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Peter Dejong

Денеска ќе го дознаме победникот во Лигата на шампионите за натпреварувачката сезона 2022/2023, а за титулата од 21.00 часот на стадионот „Ататурк“ во Истанбул ќе се борат Интер и Манчестер сити.

Според многумина фаворитската улога ја има Манчестер сити, а така размислува и екс играчот на Саутемптон, Тотенхем, Реал Мадрид и Лос Анџелес, Герет Бејл.

Велшанецот кој годинава објави крај на кариерата, го прогнозираше финалето во ЛШ со точен резултат.

На една табела напиша дека Манчестер сити ќе победи и тоа доста убедливо со 5:0 против Интер.

„Граѓаните“ ја бркаат својата прва титула во ЛШ, а миланските „нераѕру“ атакуваат на четвртата во елитното клупско натпреварување.

Мотив повеќе за играчите на Сити, специјален гостин во Истанбул после 13 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот