Фото: Screenshot

ВИДЕО: Фудбалер во Англија по опасен старт заврши со сериозни повреди на лицето

Почетокот на новата сезона во Националната лига во Англија донесе вознемирувачки сцени на дуелот меѓу Карлајл јунајтед и Вокинг. Натпреварот беше во сенка на сериозната повреда на напаѓачот Лук Армстронг, кој по еден жесток дуел со противничкиот голман, заврши со тешки повреди на лицето.

Голманот на Вокинг, Крег Рос, во обид да интервенира, несреќно го удри Армстронг со копачка директно во лице. Инцидентот изгледаше навистина страшно, а напаѓачот на Карлајл веднаш беше изнесен од теренот и му беше укажана лекарска помош.

Од Карлајл по мечот соопштија дека Армстронг се чувствува стабилно, а преку официјалните канали објавија и фотографија која ја открива сериозноста на повредата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlisle United (@officialcufc)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот