ВИДЕО: Франција на чекор до скопски „билет“ за полуфинале на Европското првенство
Француските ракометарки беа подобри од Црна Гора со 27:19 (12:9) на стартот од главната фаза на Европското првенство. Во вториот натпревар од групата „2“ Шпанија и Холандија ремизираа 29:29 (15:17).
Препорачано
Најефикасни во француската селекција на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје беа Паулета Фопа со шест гола, односно Лаура Флипес и Орлан Канор со по четири. За Црна Гора, Јованка Радичевиќ постигна шест гола, Ивона Павиќевиќ три, Татјана Брновиќ и Ѓурѓина Јауковиќ по два гола.
До крајот на главната фаза од натпреварувањето во групата „2“ силите ќе ги одмерат: Црна Гора – Романија, Франција – Германија, Црна Гора – Холандија, Романија – Германија и Франција – Шпанија.
Табела: Франција (-1) 6 бодови, Црна Гора (-1) 4, Шпанија 3, Холандија 3, Германија (-1) 2, Романија (-1) 2.
Мечевите во групата „1“ ќе продолжат в понеделник, Словенија ќе се соочи против Норвешка, а Шведска против Унгарија. Табела: Норвешка (-1) 6 бодови, Данска 6, Словенија (-1) 4, Шведска (-1) 2, Хрватска 2, Унгарија (-1) 0.


