ВИДЕО+ФОТО | Се прослави во филмот „Карате Кид“ пред 37 години: Денес тој има 59 години и воодушевува со својот младешки изглед!

Фото: Јутјуб

Познатиот актер изненадува со својот младешки изглед…

Американскиот актер со италијанско потекло Ралф Мачио (59) се прослави со улогата на Даниел ЛаРусо во познатиот филм „Карате Кид“ од 1984 година.

Ова култно филмско остварување ги освои сите филмски листи во тоа време, а една од причината за толкавата популарност е токму Ралф кој во својата 22 година од животот му влезе под кожа на Даниел Ла Русо.

Беше детска симпатија и на пејачката Наташа Кан, попозната под уметничкото име „Bat for Lashes“, која во 2009 година му ја посвети песната „Daniel“, во чиј спот на вратот го има насликано неговото лице.

Од премиерата на „Карате Кид“ поминаа 37 години, а актерот денес е на прагот од шестата деценија, но се уште мами воздишки кај жените и воодушевува со својот младешки изглед.

Фото: Профимедиа

Тајната за својата младоликост Ралф ја откри во интервјуто за магазинот „People“, а тврди дека за неговиот добар изглед е заслужна генетиката.

Мачио веќе 33 години е во брак со медицинската сестра Филис Фиеро, со која е во љубов од средношколските денови. Парот има две деца, 28-годишната Џули и 25-годишниот Даниел, кој името го добил токму по најпознатата улога на својот татко.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот