ВИДЕО: Фолтин со најсвеж албум – „Симултан бакнеж“

фолтин
Обвивка за EP на Фолтин - „Симултан бакнеж“ , автор Ѓорче Ставрески

Денеска со почеток од 12 часот во МКЦ беше промовиран „Симултан бакнеж“, новиот ЕП на Фолтин, македонски бенд кој со својот експериментален а прецизен стил, ги „лови“ светските звуци. „Музика по мерка на вашите срца“, велат Фолтин.

ЕП-то е сочинето од четири песни кои се снимени во Студиото „Алшар“ минатата година, а фотографијата и дизајнот на обвивката за албумот се на домашниот режисер, Ѓорче Ставрески.

Албумот е издание на ОХО Продукција, каде што продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.

Промоцијата на албумот стартува со видеоспотот за една од песните – „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Витман. Директор на фотографија е Мајкл Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видеозаписот е снимен во Берлин. Продуцент на видеозаписот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Витман и Илија Тирицовски.

Погледнете го видеото и уживајте во овој симултан бакнеж на Фолтин. Навистина, кој може да расипе еден ваков ден?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот