ВИДЕО | Фитнес инструкторка ја покажа искривена слика на социјалните мрежи: Има разлика?

Стефана Авара
Стефана Авара / Фото: Принтскрин/ТикТок

Фитнес тренерката Стефана Авара објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое покажа колку различно може да биде прикажан изгледот на телото на социјалните мрежи.

Зад нас е празничниот период во кој сите уживавме во слатки и други деликатеси кои се богати со нездрави масти. Некои од нас веројатно ставија по некој килограм плус, што е сосема нормално.

И додека така изгледа нашата реалност, сепак, секој ден на „Инстаграм“ и другите социјални мрежи гледаме објави на инфлуенсери и други девојки кои изгледаат „совршено“. Тоа може да нè „натера“ да се чувствуваме несигурни кога станува збор за нашето тело.

@defining.fitness It’s the skin texture for me 🤷‍♀️ Insta: defining.fitness ❤️ #selflove #fitness ♬ Tongue Tied by LilCobaine – Johnny Pensiero

Во само неколку кадри од неколку секунди, Авара покажа дека она што го гледаме на социјалните мрежи во повеќето случаи не е реално.

Таа покажа дека и оние луѓе кои имаат топ фигура не изгледаат секогаш совршено, како што може да изгледа според фотографиите кои ги објавуваат. Имено, таа покажа дека различните начини на позирање можат целосно да ѝ ја променат
фигурата.

Видеото собра повеќе од милион лајкови, а многумина ѝ се заблагодарија на Авар што ја разоткри вистината.

„Немаш поим колку те ценам и колку ми требаше ова. Благодарам. Девојко, изгледаш прекрасно“, ѝ порача еден корисник на „ТикТок“. „Ти благодарам кралице. Ти си секогаш убава“, гласеше еден друг коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот