фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

ВИДЕО | Феенорд го исфрли Милан за осминафинале во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Феенорд се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако денеска на Сан Сиро ремизираа 1:1 со Милан во реваншот од плејофот.

Холандскиот претставник се пласираше во следната фаза откако во првиот натпревар славеше со резултат 1:0.

Милан поведе уште во првата минута, поточно во 38. секунда преку поранешниот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, а израмни Јулијан Каранца во 73. минута.

Натпреварот го реши „глумата“ на Тео Ернандез, кој во 51. минута доби втор жолт картон поради обид да изнуди пенал.

Играчите на Феенорд во осминафиналето ќе играат против Интер или Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот