ВИДЕО: Фантастични Алиоски и Лидс против Астон Вила, хет-трик на Бамфорд!

Фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths/POOL

Денеска на стадионот во Бирмингем во шестото коло од Премиер лигата, составот на Лидс убедливо со 0:3 ја совлада екипата на Астон Вила.

До почетокот на овој меч Астон Вила од стартот на сезоната имаше четири победи по ред, но вечерва на домашен терен беше запрена нивната серија од играчите на Марсело Биелса кои се покажаа вечерва во одлично издание.

Во минатото коло Езџан Алиоски после репрезентативните настапи само од клупата го гледаше домашниот пораз на Лидс од Вулверхемптон, но на дуелот со Астон Вила доби целосна доверба од Биелса и истата на најдобар можен начин ја оправда.

Македонскиот репрезентативец, кој го одигра целиот натпревар, заедно со останатите тимски колеги не дозволија ниту еднаш да потклекнат во одбраната и ги израдуваа своите навивачи без примен гол и воедно три заслужени бода.

Херој на гостите беше Бамфорд кој реализираше хет-трик, сите три гола ги постигна во второто полувреме, во 55, 67 и 74 минута од средбата на „Вила Парк“.

Во некомплетното шесто коло Лидс се искачи на третата позиција со 10 бодови, зад водечките Евертон (13, еден меч помалку) и Астон Вила (12). Наредниот меч клубот од „Иланд роуд“ ќе го имаат на 2 ноември 2020 година на домашен терен против Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот