ВИДЕО | Фантастичен гол на Ди Марија во „супер-класико“ на аргентинскиот фудбал
Синоќа се одигра еден од „супер-класико“ на аргентинскиот фудбал, а тоа беше дербито на Росарио помеѓу Росарио Централ и Њуелс Олд Бојс.
Препорачано
Росарио победи со 1:0, а голот достоен за огромен триумф го постигна поранешниот играч на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија во 82 минута.
Еден од најдобрите аргентински фудбалери на сите времиња, и актуелен освојувач на Светското првенство, изведе слободен удар на фантастичен начин и од околу 30 метри ја погоди пречката, зад беспомошниот голман Еспинола.
Ди Марија предизвика „делириум“ на трибините, претежно исполнети со навивачи на неговиот клуб, и уште еднаш нè потсети колку е голем мајстор на фудбалот.
Ди Марија има 37 години, ова лето, по богата кариера во Европа, се врати во својот роден град Росарио, од каде што замина во Бенфика во 2007 година како тинејџер, и сè уште има доволно квалитет во себе за да може да реши големи натпревари.
Сите знаеме колку е специфичен системот во аргентинската лига, а по шест одиграни кола, Росарио Централ е на третото место на табелата во Групата Б со 10 бода, додека Њуелс е на 11 позиција на табелата во Групата А со шест бода.
Di Maria is the personification of Big Goals in Big Games pic.twitter.com/KlgzbqVRZm
— Quinny (@Quinny3001) August 23, 2025


