ВИДЕО: Фановите загрижени, Агуеро во пренос во живо имаше проблеми со срцето

фото: принтскрин/Youtube/20minutos

Славниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро ја заврши својата професионална кариера во 2021 година, а моментално е ангажиран како коментатор на неколку аргентински телевизии и „стример“ на Твич.

Да потсетиме, Агуеро мораше да се повлече од фудбалот поради здравствени причини, бидејќи му беше дијагностицирана аритмија.

Сега и неговите фанови имаа можност да бидат сведоци на неговите здравствени проблеми, а една сцена која се случи загрижи многумина.

Додека ја вршеше новата работа, Агуеро во еден момент направи кратка пауза и нервозно се фати за градите.

За среќа, сè е во ред со поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона и продолжи со активностите на социјалните мрежи.

– Мислам дека имав мала аритмија – во момент изјави Агуеро.

Во видеото во прилог погледнете ја ситуацијата која ги загрижи неговите фанови. Еден од најпознатите шпански стримери, Ибаи Љанос го праша Агуеро дали има потреба од медицинска помош, Уругваецот одговори дека нема потреба.

Агуеро има вграден чип кој го известува за проблем на неговиот мобилен телефон и веднаш кај неговиот лекар доколку нападот е посилен. Агуеро само кажа дека имаше напад на мини-аритмија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот