ВИДЕО: „Фалангата“ распеана во Палермо, ги одбројува последните часови пред натпреварот

принтскрин/твитер

Македонските фанови и денеска ги окупираа улиците во Палермо и со песна и добра атмосфера ги одбројуваат последните часови пред натпреварот на Македонија против Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Низ улиците ечат македонски песни од околу 1.600 македонски фанови кои пристигнаа во Палермо.

Фудбалската федерација на Македонија доби 1.300 билети за македонските навивачи да ги бодрат фудбалерите на „Ренцо Барбера“ стадионот чиј капацитет изнесува 36.000 седишта.
Стартот на натпреварот е закажан за 20.45 часот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот