ВИДЕО | Евровизиските обожаватели избраа: Ова е најдобрата песна од поранешна Југославија
Странските обожаватели во последните недели гласаа на веб-страницата Wiwibloggs.com, специјализирана за Евровизија, за најдобра песна од поранешна Југославија, која годинава се натпреварува во Ливерпул, Британија.
Препорачано
Тесна борба се водела меѓу српскиот претставник Лук Блек (Лука Ивановиќ) и неговата песна „Само ми се спава“ и словенечкиот претставник, бендот „Џокер аут“ и нивната песна „Carpe Diem“. Српската песна победила во анкетата, освојувајќи 39,31 отсто од вкупно 4.999 гласови.
На второ место е словенечкиот „Џокер аут“, кој бил веднаш зад српскиот претставник со 38,05 отсто од вкупните гласови.
Хрватските претставници „Лет 3“ и нивната песна „Мама ШЧ!“ завршиле на третото место со 22,64 осто од гласовите.
Времето ќе покаже дали ова ќе биде редоследот и на самата Евровизија.
Да потсетиме, од регионот годинава нема да учествуваат на Евровизија Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Панк иконата Џон Лајдон нема да ја претставува Ирска на Евровизија
ВИДЕО | Koj e Лук Блек, младиот музичар кој ќе ја претставува Србија на Евровизија


