ВИДЕО: Еврогол на третолигашкиот натпревар Љуботен-Зајас!

Фото: Принтскрин/facebook.com/ФК-Љуботен-Тетово

Во рамките од шестото коло во Третата лига – Запад беше виден еден фантастичен гол од половина терен.

Ретко се реализираат вакви погодоци на натпреварите, но еве нов доаѓа токму на македонските фудбалски терени.

Љуботен Тетово загуби со резултат 3:1 од екипата на Зајас, но дефинитивно се одвојува неговиот единствен погодок.

Евроголот за водство на дуелот во Кичево беше дело на капитенот на Љуботен, Дејан Савески кој забележа дека противничкиот голман беше лошо поставен.

Овој прекрасен погодок можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот