ВИДЕО | Епскиот спринт и спектакуларните „ножички“: Двата гола по кои ќе се памети Бејл

Фото: Real Madrid C.F/Twiiter

Герет Бејл денес неочекувано објави крај на неговата кариера на само 33 години.

Дефинитивно Бејл направи голема кариера, иако многумина ќе кажат дека можеше и многу повеќе. Љубителите на фудбалот Велшанецот веројатно најмногу ќе го паметат по две негови ремек-дела.

Двата најубави гола во кариерата Бејл ги постигна како играч на Реал Мадрид. Првиот на 16. април 2014 година во Купот на Шпанија против Барселона. Се играше 85. минута, резултатот беше 1:1 и изгледаше дека натпреварот ќе оди во продолженија, сепак тогаш Бејл блесна со еден неверојатен спринт покрај аут линијата.

Вториот гол по кој ќе се памети го постигна во финале во Лигата на шампионите, против Ливерпул во 2018 година. Можеби Бејл има и подобри „ножички“ во кариерата, но ваков гол во финале на ЛШ дефинитивно има огромна тежина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот