Герет Бејл објави крај на кариерата!

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Велшкиот фудбалер Герет Бејл објави крај на фудбалската кариера на 33-годишна возраст, одлуката ја потврди самиот тој преку социјалните мрежи.

Во објавата Бејл наведува дека внимателно размислил за неговата иднина и одлучил дека е најдобро да се повлече.

„Се чувствувам среќно што го остварив сонот да го играм спортот кој го сакам. Од мојот прв допир во Саутемптон до мојот последен во Лос Анџелес, горд сум на се што ми се случи во кариерата. Сите мои клубови, менаџери ,тренери, соиграчи и навивачи имавте влијание што не може да се измери“, стои во дел од објавата на Бејл.

Кариерата Бејл ја започна во Саутемптон од каде што по само една сезона (2006/2007) се пресели во Тотенхем каде што играше од 2007 до 2013 година. Таа 2013 година направи голем трансфер во Реал Мадрид, а во 2020 како позајмен играч се врати во Лондон. Кариерата ја завршува во МЛС во тимот на Лос Анџелес каде што настапува од 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот