ВИДЕО: Ентони Дејвис постави рекорд на сезоната, ослабениот Мемфис го запре Далас

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ентони Дејвис постигна личен рекорд оваа сезона во НБА лигата со 41 поен и беше најзаслужен за победата на Лос Анџелес лејкерс над Торонто (132:131).

Одлуката во една многу возбудлива завршница дојде од слободно фрлање. Дејвис постигна 10 од последните 12 поени за „езерџиите“, а од кои дури осум од линијата за слободни фрлања.

Покрај 41 поен, Дејвис имаше и 11 скокови и шест асистенции. Неговиот тимски колега Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 22 поени и 12 асистенции. На спротивната страна за Репторси доминираа Барнс со 26 поени (шест скокови) и Сиакам со 25 поени.

Иако до крајот на сезоната останаа без својот најдобар играч Џа Морант, тоа не се виде во играта на Мемфис на дуелот против Далас. Лесно ги совладаа Маверикси на нивен терен со 120:103. Во победничките редови Бејн запиша 32 поени, девет скокови и четири асистенции.

Кај Далас Ирвинг постигна 33 поени, а Дончиќ 31 поен со по шест скокови и асистенции, но во ниту еден момент не успеаја сериозно да го загрозат триумфот на тимот од Мемфис.

НБА лига, резултати –

Детроит – Сакраменто 110:131
Орландо – Минесота 92:113
Њујорк – Портланд 112:84
Далас – Мемфис 103:120
ЛА Лејкерс – Торонто 132:131

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот