Унаи Емери/Aston Villa FC

ВИДЕО | Eмери бесен по поразот: Судијата беше одличен, но ВАР многу, многу лош

Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, остро го критикуваше ВАР по поразот на неговиот тим од 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа против Нотингем форест.

Шпанскиот стратег беше лут поради тоа што играчот за врска на Форест, Елиот Андерсон, не доби црвен картон по опасниот старт врз Оли Воткинс.

Андерсон најпрво помина без санкција за лизгачки старт со кој ја освои топката, но веднаш потоа со висок старт и кренати копачки го удри Воткинс во глуждот. Главниот судија Жоао Пињеиро не реагираше, а следеше само кратка ВАР-проверка по која играта продолжи.

Иако Нотингем на крајот славеше со голот на Крис Вуд од пенал, кој беше досуден токму по интервенција на ВАР, Емери ја прифати таа одлука. Сепак, во  јасно го изрази револтот за стартот врз Воткинс.

„Судијата беше фантастичен, навистина фантастичен“, изјави Емери.

„Но ВАР беше многу, многу лош. Тоа беше чист црвен картон, не ми е јасно зошто не го повика судијата, кога ситуацијата е толку очигледна. Ова е многу важно. Огромна, огромна грешка. ВАР е одговорен.“

ВИДЕО | Брага и Нотингем поблиску до финалето во Лигата на Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот