ВИДЕО: Елиминиран Вавринка, Алкараз во третото коло на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Првиот тенисер на светот, Карлос Алкараз се пласираше во следната фаза на грен слем турнирот „Ролан Гарос“. Шпанецот беше подобар од 112 играч на светот, Јапонецот Таро Даниел, за нешто помалку од два ипол часа игра со 3:1 во сетови 6:1, 3:6, 6:1 и 6:2. Вавринка е поранешен шампион на „Ролан Гарос“, со една титула освоена во 2015 година.

Веќе на првиот сервис гем на Даниел, Алкараз стигнува до „брејк“, потоа до уште еден и славеше по нешто повеќе од половина час игра во првиот сет со 6:1.

Во меѓувреме почна да дува ветер на „Филип Шатриер“, по што Алкараз почна да греши, а Јапонецот се врати во мечот откако го доби вториот сет со 6:3 за израмнување на 1:1 во сетови.

Во следните два сета Алкараз покажа дека е многу подобар ривал и успеа да избори пласман во третото коло.

Следен противник за пласман во осминафиналето ќе биде Денис Шаповалов од Канада, кој беше подобар од Италијанецот Матео Арналди со 3:1 (6:2, 3:6, 6:3, 6:3).

Елиминација доживеа Станислас Вавринка од Швајцарија кој со 2:3 загуби од Танаси Кокинакис. Австралиецот во следното коло ќе игра против Русинот Карен Хачанов кој со 6:3, 6:4 и 6:2 го совлада Раду Албот од Молдавија.

Ролан Гарос 2023

Резултати –

(мажи)
Карбаљес Баена – Циципас 0:3
Фоњини – Кублер 3:0
Офнер – Корда 3:0
Сонего – Умбер 3:0
Вавринка – Кокинакис 2:3
Шварцман – Боргес 3:0
Арналди – Шаповалов 1:3
Баутиста Агут – Вариљас 2:3
Алкараз – Даниел 3:1
Хачанов – Албот 3:0
Ван Аш – Давидович Фокина 0:3
Пуј – Нори 0:3

(жени)
Хантер – Свитолина 1:2
Мертенс – Осорио 2:0
Остапенко – Стирнс 1:2
Џорџи – Пегула 0:1 (пред. Џорџи)
Шериф – Потапова 1:2
Гарсија – Блинкова 1:2
Самсонова – Пављученкова 1:2
Путинцева – Женг 2:1
Вондрушова – Касаткина 0:2
Мухова – Подороска 2:1
Шиманович – Сабаленка 0:2
Стивенс – Грачева 2:0
Ерани – Бегу 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот