ВИДЕО: Египет подобар од Брегот на Слоновата Коска, блескаше Салах
Репрезентацијат на Египет обезбеди пласман во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, откако во возбудлив натпревар ја совлада селекцијата на Обала на Слоновата Коска со 3-2.
Препорачано
„Фараоните“ одлично го отворија мечот и поведоа уште во четвртата минута, кога Мармуш ја затресе мрежата по асистенција на Ашур. Египет продолжи со сигурна и организирана игра, додека ривалот се обидуваше да возврати, но шансата на Дијало во 17. минута беше навреме блокирана.
Клучниот момент во првото полувреме повторно го режираше Мохамед Салах. Ѕвездата на Ливерпул во 32. минута изведе прецизен корнер, а највисок во скокот беше Рабија кој погоди за 2-0. Брегот на Слоновата Коска сепак успеа да се врати во игра, откако Фатух несреќно си постигна автогол, па на паузата се замина со предност од 2-1 за Египет.
Во продолжението Египет повторно ја презеде иницијативата, а одличниот настап Салах го круниса со погодок во 52. минута, реализирајќи уште една асистенција на Ашур за 3-1.
🇪🇬🇨🇮 Salah and Egypt are putting on a show! What a goal from the Pharaohs!
3-1 against Côte d’Ivoire thanks to their captain, served up on a platter by Ashour! pic.twitter.com/b9EsWn8pgM
— 𝗦𝗣𝗫 ✞ (@spxtrends) January 10, 2026
И покрај обидите на Брегот на Слоновата Коска да направи пресврт, тимот успеа само да го намали резултатот во 73. минута преку Дуе. До крајот Египет рутински ја зачува предноста и заслужено обезбеди место меѓу четирите најдобри селекции на континентот.
Во полуфиналето, Египет ќе се соочи со Сенегал, а тој натпревар е закажан за 14 јануари. Вториот полуфинален пар го сочинуваат селекциите на Мароко и Нигерија.
ВИДЕО: Нигерија закажа полуфинале против Мароко на Африканскиот Куп на Нации


