Архива СП - Гондола, ски центар

ВИДЕО | Едно лице загина при пад на гондола во скијачки центар во Швајцарија

Едно лице го загуби животот денес откако гондола падна поради силни ветрови на снежна падина во скијачки центар во Швајцарија.

Портпаролот на кантоналната полиција каде се случила несреќата им соопшти на новинарите дека едно лице починало, но дека точната причина за смртта сè уште не е потврдена. Починатиот, чиј идентитет засега не е објавен, бил сам во гондолата, информираше полицијата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, хеликоптер веднаш бил испратен на местото на настанот поточно во скијачкиот центар Енгелберг во централна Швајцарија, соопшти службата за воздушно спасување Рега.

Истрагата за причината за несреќата е во тек, соопшти кантоналната полиција Нидвалден.

Инаку падот на гондолата од жичницата се случил околу 11 часот наутро, а операцијата за спасување била отежната поради ветрови со брзина до 84 километри на час, објавија швајцарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот