Еванџелин Лили - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Ѕвездата на серијата „Изгубени“ доживеала оштетување на мозокот: „Функционирам со намален капацитет“

Канадската актерка Еванџелин Лили, позната по улогата на Кејт Остин во серијата „Lost“ (Изгубени), откри дека доживеала оштетување на мозокот и им се заблагодари на фановите за поддршката што ѝ ја даваат во овие тешки моменти.

Таа наведе дека на 1 јануари 2026 година добила лоши вести, откако медицинските наоди покажале дека нејзиниот мозок функционира со намален капацитет, односно дека претрпела трауматична повреда на мозокот.

Ова го откри речиси седум месеци по тешкиот пад што го доживеала на плажа.

„Утешно е да се знае дека мојот когнитивен пад не е само перименопауза, а истовремено е непријатно да се сфати колку тешка битка ќе биде обидот да се ублажат последиците. Ви благодарам на сите што постојано прашувате, што се грижите и што ме носите во вашите молитви“, изјави таа.

Во видеото што го сподели, Лили додаде дека сега заедно со лекарите ја очекува напорен процес на лекување и рехабилитација.

„Не се радувам на тоа, бидејќи чувствувам дека напорната работа е сè што правам. Но, тоа е во ред. Когнитивниот пад што го доживеав откако го повредив лицето ме натера да се движам полека и помирно да ја завршам 2025 година“, рече актерката.

Таа истакна дека ова било „најпријатниот“ празничен период што некогаш го доживеала.

„Се чувствувам неизмерно благодарна и благословена што живеам уште еден ден, уште една година на оваа прекрасна планета. Тоа се моите новости за потресот на мозокот. Ви благодарам на сите што се грижите“, порача таа до своите следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот