ВИДЕО | Џиновски питони пливаат по поплавените улици на Бали
Поради обилните врнежи што речиси три дена без прекин го зафаќаат островот Бали, големи делови од него се под вода. Улиците се претворија во реки, а бројни станбени населби се поплавени.
Препорачано
🐍 5m Python Swimming Bali Flood Streets – Feb 2026
Bali (Kuta/Legian/Seminyak) underwater after 3 days nonstop rain. Floods 30–70 cm deep.
Pythons up to 5 meters long now cruising the streets. pic.twitter.com/6EQUBcOshJ— Kyle Lines (@GrowSoulNow) February 26, 2026
Жителите сведочат и за необична појава – огромни змии што пливаат низ улиците. Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат питони како се движат низ поплавени квартови, дворови и улички.
Бали е природно живеалиште на неколку видови големи змии, меѓу кои и мрежестиот питон, една од најдолгите змии во светот и одличен пливач. За време на поплави, змиите ги напуштаат своите природни засолништа во потрага по храна или посуво место, па често завршуваат во населени подрачја. Островот се наоѓа во екот на дождовната сезона, која трае од ноември до март, а годинава временските услови се особено тешки. Во некои места мотоциклите се делумно потопени, а главните сообраќајници се непроодни. Издадени се предупредувања за главните туристички центри, додека спасувачките тимови со чамци евакуираат жители од најзагрозените области.
Властите апелираат до граѓаните и туристите да избегнуваат движење низ поплавените улици. И покрај бројните пријави за змии, досега не е регистриран ниту еден случај на каснување. Поплавите, освен што ја оштетуваат инфраструктурата и туризмот, предизвикуваат и раселување на диви животни кои вообичаено избегнуваат контакт со луѓето.


