Џими Фалон/ Доналд Трамп - Фото: Инстaгрaм/ EPA

ВИДЕО | Џими Фалон го исмеа дневниот распоред на Трамп: Голф, солариум па киднапирање човек…

Американскиот комичар и телевизиски водител Џими Фалон го исмеа претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во емисијата „Вечерното шоу“ (The Tonight Show), преку сатирично прикажување на неговиот наводен дневен распоред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Tonight Show (@fallontonight)

„Понеделник – состаноци. Вторник – говори. Среда – интервју. И секој пат – заспивање. Четврток – Гренланд изгледа убаво. Да му се каже на целиот свет: ‘Ова е мое’. Франција се налути и вели: ‘Нема шанси. Ќе ви го дадеме Шаламе’. Пауза за гледање телевизија, па ‘Жешко ривалство’ (Heated Rivalry). Шејн токму се вљубува во Русин: ‘О, Боже, тоа сме јас и Влад!’ Потоа – голф, солариум па киднапирање човек. Приказна за Епстин и – збогум!“, се пошегува Фалон.

Потоа се пошегува дека на наводниот список со обврски на Трамп се наоѓа и заплена на кокаин, но без тој да го проба.

„Јас сакам ‘кока’ (coke – збор што може да значи и кокаин и Кока-Кола), но само диетална (Diet Coke). Голф, спиење, кавга, пак спиење, убава сиеста. Почивај во мир, мој најдобар пријател Векна. Солариум, спиење, да се изврши инвазија што е можно побрзо – но прво уште една дремка“, додаде тој низ смеа.

Неговиот настап предизвика воодушевување кај бројни корисници на социјалните мрежи.

„Го обожавам неговиот хумор“, „Генијално“, „Џими, ти си мојот омилен Американец“, „Урнебесно и болно точно“ – се дел од коментарите на неговиот Инстаграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот