ВИДЕО | Џенифер Лопез во нејзиното најелегантно издание досега: Овој стил ја претвора секоја жена во моќна дама
Кога Џенифер Лопез ќе стапне на модната сцена, светот на модата застанува за момент. Нејзината способност да комбинира класично и смело во еден изглед секогаш инспирира, а овој пат таа блеска во бордо модна комбинација која зрачи со софистицираност и урбан шарм.
Препорачано
Таа блескаше на снимањето на филмот „Последната госпоѓа Париш“ во Њујорк. Латино дивата ја покажува својата ѕвездена моќ во оваа напната драма, играјќи една од главните улоги.
Класичното палто и миди здолништето ја следат линијата на нејзиното тело, додека црниот ремен на половината ја нагласува фигурата и внесува софистицирана динамика во облеката.
На нозете носеше чевли со пепито дезен кои даваат неочекуван, но многу стилски детаљ, а црната шапка и очила додаваат мистериозен и урбан шмек на нејзиниот изглед.
Целата комбинација беше надополнета со црна чанта во рацете, која го комплетираше гламурозниот, но во исто време и тотално нослив изглед во уличен стил. Овој стајлинг е вистински пример за беспрекорниот моден осет на пејачката – секси, моќен и незаборавен.
@mickmicknycJennifer Lopez filming scenes for The Last Mrs. Parrish in Midtown Manhattan. The superstar stepped out of Christie’s, crossed the street, and took photos with the director as cameras rolled. New York turned into her movie set once again 🎬


