Фотографијата од апсењето на Џастин Тимберлејк / Фото: Handout / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | „Вие сте луди“: Објавен вториот дел од апсењето на Џастин Тимберлејк во кој упатува навреди кон полицијата

Во новообјавена снимка од полициска камера од апсењето на Џастин Тимберлејк поради возење под дејство на алкохол во јуни 2024 година,  се гледа како пејачот се шегува со полицајците, но и изразува фрустрација поради начинот на кој бил третиран.

Во еден момент се пошегувал на сметка на тоа што во документите бил означен како белец, а полицајците ги нарекол „луди“ откако дознал дека ќе мора да ја помине ноќта во притвор.

Тој, исто така, изјавил: „Ме третирате како криминалец“.

Тимберлејк тврдел дека испил само „еден мартини“ пред да седне зад воланот и дека возел несигурно бидејќи ги следел пријателите. Одбил да направи алкотест.

Полицијата го запрела поради минување на знак „стоп“ и движење меѓу ленти, по што бил обвинет за возење под дејство на алкохол и уште два сообраќајни прекршоци.

Подоцна прифатил спогодба и се изјаснил за виновен за полесен прекршок, додека неговиот адвокат тврдел дека не бил пијан.

Претходно беше објавена и снимка од самиот момент на запирање на пејачот додека управувал возило под дејство на алкохол.

На снимката се гледа како Тимберлејк ѝ објаснува на полицијата дека само ги следи пријателите до дома и дека вози изнајмен автомобил. Кога полицаецот го прашува кој е, тој одговара:

„Јас сум Џастин Тимберлејк“.

Потоа полицијата го замолува да излезе од возилото за да проверат дали е способен за возење.

За време на тестирањето на трезвеност, Тимберлејк вели дека задачите се тешки и дека срцето му чука забрзано. Сепак, полицијата заклучува дека не е способен за безбедно управување со возило.

Во автомобилот се наоѓале и неговата пријателка Ести Стенли и нејзиниот сопруг. Потоа полицијата го однела во станица во Саг Харбор, каде што бил задржан до излегување пред судија.

Џастин Тимберлејк бара забрана за објавување на снимката од апсењето поради возење под дејство на алкохол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот