Џастин Тимберлејк / Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Џастин Тимберлејк бара забрана за објавување на снимката од апсењето поради возење под дејство на алкохол

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк поднесе тужба со цел да ја спречи објавата на снимката од полициска камера поврзана со неговото апсење поради возење под дејство на алкохол во јуни 2024 година, пишува „Пипл“.

Тој беше уапсен на 18 јуни 2024 година во Саг Харбор, во сојузната држава Њујорк, откако првично беше обвинет за возење под дејство на алкохол, како и за два сообраќајни прекршоци – поминување на знак стоп и движење надвор од сообраќајната лента.

Неговиот адвокат, Едвард Берк Помладиот, тврдеше дека пејачот не бил во алкохолизирана состојба во моментот на апсењето. Во септември 2024 година, Тимберлејк постигна спогодба и се согласи да признае помал прекршок.

На 2 март, тој поднесе тужба до Врховниот суд на округот Сафолк, наведувајќи дека објавувањето на снимката би претставувало повреда на неговата приватност и би му нанело сериозна и непоправлива штета на личниот и професионалниот углед.

Во тужбата се наведува дека јавното објавување на видеото би открило детали од внатрешноста на неговото возило, како и лични и чувствителни информации кои не се од јавен интерес. Постапката уследи откако полициската служба во Саг Харбор добила барање за пристап до снимката според Законот за слободен пристап до информации.

Според извештајот за апсење, Тимберлејк изјавил дека испил „едно мартини“ и дека ги следел пријателите до дома. Во извештајот се наведува дека неговото возило поминало на знак стоп и не се движело во својата лента, како и дека неговите очи биле „црвени и стаклести“. Тој одбил да направи хемиско тестирање и бил задржан преку ноќ.

Во септември 2024 година, по прифаќањето на помал прекршок, му беше изречена парична казна од 500 долари со дополнителни 260 долари трошоци, 25 часа општествено корисна работа, привремено одземање на возачката дозвола во траење од 90 дена и обврска да сними јавна порака за опасностите од возење под дејство на алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот