ВИДЕО: Џани Инфантино изведе корнер и тоа го направи катастрофално

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Иако често е на фудбалските терени, до пред некој ден не видовме дали Џани Инфантино поседува некакви вештини, а сега добивме одговор и на тоа прашање.

Првиот човек на светскиот фудбал (ФИФА) учествуваше на хуманитарен натпревар за време на Светското првенство во Катар.

Камерите не ги снимија сите негови „вештини“, но снимија еден агол. И тоа беше доволно.

Инфантино го изведе корнерот на еден катастрофален начин, како никогаш досега да не ја шутнал топката, па поради ова стана цел на потсмев на социјалните мрежи.

По ударот од аголот, топката отиде далеку надвор од теренот, без да влезе во полето за игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот