ВИДЕО | Двајца судии и обвинител дочекаа пензија, Веапоска правда за извадените органи-не!

Јалдз Веапоска со адвокатот видно разочарана од текот на судењето во судот во Струга/Фото: Слободен печат/Мирослава Симоновска

Случајот Јалдз Веапоска се одложува додека судијата Живко Аврамовски и обвинителот Благоја Даскаловски да се пензионираат, па да мора да се почне со рочиштата од почеток, револтирано изјави Јалдз Веапоска, после денешното одложено рочиште за случајот каде и беа извадени матката бубрегот и јајникот.

-Јас до мојата смрт не знам дали ќе има правда во овој суд, бидејќи сум физички оштетена а овде во ходниците судски и психички ќе се пореметам, рече Веапоска додавајќи дека нема никакви очекувања од струшкиот суд. Таа јавно бара од народниот правобранител нејзиниот случај да биде преземен од кривичен суд Скопје.

На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство доктор Драги Дабески ама не дојде, а отсуството го оправда со годишен одмор. Така денешното судење заврши за 5 минути што предизвика огромен револт кај Веапоска.

Според нејзините зборови вештачењето на доктор Дабески е спротивно на она изготвено од институтот за судска медицина и во него се тврди дека не постојат објавувани трудови за оштетена бубрежна артерија за време на царски рез, ама има многу објавувани трудови за пукање на бубрежна артерија за време на бременост.
Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев коментираше дека овој предмет е врел костен кој ниеден судија не го сака во свои раце, со оглед на тоа што двајца судии веќе се пензионираат додека трае случајот.

-Секој бега како ѓавол од крст од овој предмет, ама нема каде да бегаат јас ви гарантирам. Еден ден ќе падне пресуда и јас ви гарантирам дека таа ќе биде осудителна. Нема каде да бегаат од вистината и од правдата, рече Јанев.

Тој додаде дека тактиката на одбраната е да издејствува супервештачење. Судењето се одложи на неодредено, а судијата рече дека ќе им испрати известувања на странките писмено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот