ВИДЕО | Власта можеше да ги прифати барањата, а не да нè прашува која е цената на нашите деца, вели мајката на диџејот за „Слободен печат“
„Пред да ни се случи овој настан за државата можев да кажам позитивни работи, но по трагедијата увидовме дека нема држава, државата не направи ништо за нас“, вели Мита Тасева, мајката на диџејот од „Пулс“, Стефан Тасевски, кој загина во трагичниот пожар пред безмалку една година,. Та во сведоштво за „Слободен печат кажува за односот на државата, сограѓаните и општеството кон нив, најблиските на жртвите од трагедијата.
Препорачано
– Држава, пред да се случи овој настан за државата можев се да кажам во позитивна смисла, ни беше убав животот, не ни беше проблем и да работиме, имавме колку – толку. Имавме солиден и среќен живот, државата не не интересираше и ништо не сме барале, но по овој настан увидовме дека нема држава. Државата за нас ништо не направи – вели Тасева.
Таа вели дека власта можела да им ги оствари барањата кои ги доставија и до премиерот, но и до другите институции, а не да ги прашува која е цената на вашите деца.
-Власта можеше да ни ги оствари тие барања што ги доставивме, не беа огромни барања, барањата беа да се обесштетат членовите на фамилијата, на тие луѓе што веќе не се способни за работа да им се даде помош, да им се дадат инвалидски пензии, имаше уште неколку точки. Бевме на прием кај премиерот и премиерот тогаш рече и вие како СДС уште да сте ја напишале сумата на вашите деца – вели Тасева.
Од државата не добиле никаква финансиска помош, освен што им биле дадени 400 илјади денари за споменици и натстрешници, но од донациите што ги уплаќаа граѓаните во Црвениот крст.
Вели дека биле оставени и се оставени сами на себе. На маршевите одат сè помалку луѓе.
– На почетокот на маршевите бевме во поголем број, со текот на времето и бројот на маршевите се намалува и гледаме дека луѓето не напуштаат и дека не се тие луѓе кои мислевме дека. Зашто како што викаат во најтешките моменти ќе си ги видеш и пријателите и другарите и роднините на некој начин – додава таа.
Најгневни биле на полицијата затоа што, според она што го кажувале сведоците, полицајците не им пружиле помош на децата, стоеле настрана. Нејзиниот син немал ниту една гребнатинка и сите починати биле задушени, вели Тасева.
Најмногу ја боли неправдата и не очекува дека ќе има правично судење.
Камера: Методи Здравев


