ВИДЕО | Дрејк изненади обожавателка болна од рак со 100.000 долари

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Канадскиот рапер и хип-хоп ѕвезда Дрејк ја изненади обожавателката Лорен Шевалие, која се појави на неговиот концерт во арената Бриџстоун во Нешвил со натпис дека таа штотуку завршила со хемотерапија. Тој и подарил 100.000 долари на девојката која останала воодушевена од неговиот гест.

Дрејк ја забележал Шевалие во публиката благодарение на другите луѓе во публиката кои ја осветлувале користејќи ги светлата од мобилните телефони. Дрејк потоа побарал да ги вперат камерите кон Шевалие, велејќи дека во салата има „вистински борец“.

Шевалие подоцна објавила видео од настанот на својот профил на ТикТок, со кое му се заблагодарила на раперот за великодушниот гест. Менаџерот на Дрејк ги зел нејзините информации по концертот, пренесува канадскиот јавен сервис „ЦТВ“ (CTV).

„Бев шокиран од фактот што (Дрејк) ме погледна и бакна“, изјавила Шевалие.

Канадскиот рапер моментално престојува во Нешвил, каде следната недела повторно ќе одржи концерт, како дел од турнејата со американскиот рапер Џеј Кол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот