ВИДЕО | Драма за куп-трофејот во Србија: Звезда се спаси со гол во 96. минута, па на пенали ја победи Војводина
Црвена звезда се намачи, но сепак дојде до трофејот во Купот на Србија откако по подобро изведување на пенали ја совлада Војводина, регуларниот дел заврши без победник 2-2. Ќе потсетиме, дуелот започна и со половина час доцнење поради нереди на трибините.
Препорачано
Војводина одлично тргна во натпреварот и со најбрзиот гол во едно финале кој го постигна Шуз по само две минути игра поведе со 1-0. Звезда ја имаше иницијативата, но немаше некои посериозни прилики за гол.
Стигна Војводина и до втор гол кога Видосављевиќ во 35. минута се погрижи за 2-0. Со предност од два гола Војводина замина на паузата.
Во второто полувреме избраниците на Станковиќ тргнаа по израмнување и во 54. минута, Арнаутовиќ намали на 2-1. Се обидуваше Звезда да дојде до израмнување и повеќе напаѓаше, меѓутоа се до финишот Војводина одолеваше.
Тогаш по една лоша интервенција на еден од одбранбените фудбалери кој со глава само му ја намести топката на Родриго, а тој одлично се снајде за 2-2.
Двете екипи беа претпазливи во продолженијата, па така не видовме погодоци и победникот се решаваше на пенали.
Драматично беше и во пенал рулетот каде што Младеновиќ и Џон Мери не беа прецизни за Војводина, додека кај Звезда не погоди само Лучиќ, па се беше решено во шестата серија.
ВИДЕО | „Делии“ се степаа со полицијата, се одложи почетокот на финалето во српскиот куп


