ВИДЕО: Доријан Бабунски асистираше за важна победа на Дебрецен во Конференциската лига

фото: instagram.com/dvscofficial

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига составот на Дебрецен славеше на гостувањето кај ерменскиот Алашкерт со 0:1.

Ова е поволен резултат за Унгарците пред реваншот кој ќе се игра на 3 август, а победникот во следната фаза ќе игра против Рапид Виена од Австрија.

Придонес во триумфот имаше македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски кој асистираше во 50 минута од средбата во Абовјан.

Стрелец на голот беше црногорскиот интернационалец Стефан Лончар кој со еден прецизен удар ја затресе мрежата на домаќините.

Бабунски беше стартер и настапи до 88 минута кога беше заменет од Донат Барани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот