ВИДЕО | Доли Партон во дует со „Манескин“: „Ова е остварување на моите младешки соништа!“

Кантри легендата ги здружи силите со италијанската рок сензација – Доли Партон (77) сними преработка на големиот хит „Jolene“ од 1973 година со музичката група „Манескин“.
Партон неодамна го претстави нејзиниот нов студиски албум „Rockstar“, но оваа преработка не се најде на него, туку е објавена како засебен сингл.
Албумот излезе на 17 ноември и содржи 30 песни кои Партон ги отпеа со Пол Макартни, Елтон Џон, Џоан Џет, Стивен Тајлер, Стинг итн.
Доли Партон им се заблагодари на сите музичари со кои соработувала во последно време, вклучително и згодниот фронтмен на „Манескин“, Дамијано Давид (24), кој на социјалните медиуми објави дека снимањето на дует со кантри легендата е исполнување на неговите младешки соништа.