Средба Путин и Додик во Сочи: Извор X

ВИДЕО | Додик од Москва: Го потврдивме братскиот однос меѓу српскиот и рускиот народ

Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, кој присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва, изјави дека на приемот што го организирал рускиот претседател Владимир Путин за странски претставници, уште еднаш биле потврдени „пријателските и братски односи меѓу српскиот и рускиот народ“.

„Република Српска ја цени историската улога на рускиот народ во победата над фашизмот и останува посветена на соработката, меѓусебното почитување и зачувувањето на традиционалните врски“, објави тој на социјалната мрежа X.

Освен лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, во делегацијата на Република Српска на приемот кај рускиот претседател беа и претседателот на Република Српска Синиша Каран и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.

Парада на Црвениот плоштад

Денес, Русија одржа традиционална воена парада на Црвениот плоштад по повод Денот на победата, со кој се одбележува годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Лавров се закани дека Русија ќе одговори безмилосно ако некој ја попречи парадата

На парадата присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и лидери на неколку странски земји, меѓу кои претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит и малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар.

Примирје и предупредувања

Во пресрет на прославата, Москва објави еднострано дводневно примирје на 8 и 9 мај и ја предупреди Украина за „масовен“ ракетен одговор доколку прославата биде нарушена.

Путин прогласи дводневно примирје со Украина по повод Денот на победата

Киев подоцна објави дека ќе го почитува прекинот на огнот почнувајќи од полноќ во вторник.

По Путин, примирје најави и Зеленски: Ќе започне во ноќта на 6 мај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот