ВИДЕО: Додека младинскиот форум на Алијанса за Албанците протестираше во Скопје, Зиадин Села се приклучи на кампањата на Албин Курти и Вјоса Османи во Косово

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села денес беше гостин на предизборната кампања на Албин Курти за време на активностите што Движењето Самоопределување ги организираше во Призрен.

Посетата на Села ја најави градоначалникот на Призрен, Митахер Хаскука, кој на Фејсбук напиша дека ќе му биде задоволство да пие кафе на во Курти и Села покрај призренскиот Шадрван.

Sot, së bashku me Afrim Gashin, iu bashkuam Albin Kurtit dhe Vjosa Osmanit në marshimin e tyre për ndryshim në prag të…

Posted by Ziadin Sela on Wednesday, February 10, 2021

„Денес, заедно со Африм Гаши, им се придруживме на Албин Курти и Вјоса Осман во нивниот марш за промена во пресрет на изборите на 14-ти февруари во Република Косово. Сега е во рацете на граѓаните на Република Косово да им веруваат со неоспорен мандат за реална трансформација од стариот систем. Среќно Албин и Вјоса!“ напиша Села на Фејсбук.

Адвокатка од Струга е на изборната листа на Вјоса Османи за косовските предвремени парламентарни избори

Тој исто така оствари средба и со кандидатката за пратеник со потекло од Струга која се приклучи на редовите на вршителката на должност претседател на Косово, Вјоса Османи. По средбата, Села импресиониран од квалитетите на Доарса Кица Џелили не штедеше пофални зборови за младата адвокатка.

Me Doarsa Kica Xhelili – 33 nga Veleshta e Strugës u takuam në Prishtinë. Ajo është avokate e suksesshme në Kosovë, por…

Posted by Ziadin Sela on Wednesday, February 10, 2021

„Се запознавме со Доарса Кица Џелили од Велешта, Струга во Приштина. Нејзиното знаење и перцепција за политиката воопшто и националната политика особено се импресивни“ напиша, меѓудругото шефот на Алијансата за Албанците.

Во меѓувреме, додека Села беше во Косово, во Скопје својот револт за навредливите содржини во учебниците за Албанците го изразија активистите на младинскиот форум на Алијансата за Албанците пред Министерството за образование. Тие во знак на протест ги запалија спорните страни од учебникот по географија за средно училиште.

„Со оглед на инертноста на ДУИ и властите за да ги променат овие текстови, решивме да направиме две работи. Прво, бидејќи имаме почит кон книгата, нема да ја оштетиме, туку ќе ги земеме фашистичките елементи во оваа книга и ќе ги запалиме, давајќи им третман каков што заслужуваат. Второ, оваа книга што ја гледате ќе биде подарок за министерката за образование и за целиот тим да ја научат историјата на албанските родови и да не ја деградираат“, рече Омер Ајдини од Младински форум на Алијанса за Албанците.

Posted by Ziadin Sela on Wednesday, February 10, 2021

Зијадин Села и членовите на неговата партија, активно учествуваа и во претходната изборната кампања на Косово, Лидерите на Самоопределување го сторија истото на изборите на 15 јули во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот