ВИДЕО | Димитриоски во топ 10 голови во шпанската АСОБАЛ лига

Фото: Фото: dimitrioskidim8/Instagram

Maкедонскиот ракометар Димитар Димитриоски игра одлично во дресот на шпански Ваљадолид, а како доказ за неговата добра форма е новиот договор кој го потпиша неодамна.

Сега Димитриоски се најде во изборот на десет најубави голови во изминатата рунда од АСОБАЛ лигата. Македонскиот ракометар се најде на четвртото место со одличниот цепелин во натпреварот против Бидасоа.

Во продолжение погледнете го малото ремек-дело на Димитриоски, но и останатите девет најубави погодоци во шпанското елитно ракометно друштво.

Димитар Димитриоски го продолжи договорот со Атлетико Ваљадолид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот