Димитар Димитриоски го продолжи договорот со Атлетико Ваљадолид

фото: instagram.com/atlvalladolid/

Македонскиот ракометар Димитар Димитриоски официјално и следната сезона ќе ги брани боите на шпанскиот клуб Атлетико Ваљадолид.

Нашето лево крило во 39 лигашки натпревари до сега успеа да постигне 77 голови, а во тековната сезона има 20 голови во 10 натпревари,

Димитриоски во 2022 година дојде во Атлетико Ваљадолид од Еурофарм Пелистер 2. Во својата кариера 25-годишниот играч беше дел и од Металург и Вардар.

На репрезентативно ниво со јуниорската селекција на Македонија беше дел од Светското првенство во 2017 година.

– Многу сум среќен со продолжувањето на мојот договор и од моите игри во Реколетас Атлетико Ваљадолид. Овде се чувствувам како да сум тука пет или шест години, така што беше многу важен чекор да останам овде бидејќи останувам таму каде што сум среќен – вели Димитриоски за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот