ВИДЕО: Диего Коста официјално се врати во Премиер лигата

Диего Коста ќе ги брани боите на Вулверхемптон/фото: EPA-EFE/Yuri Edmundo

Вулверхемптон официјално пред јавноста го промовираше новото летно засилување, 33-годишниот напаѓач Диего Коста.

Шпанецот се врати во Премиер лигата како слободен играч, потпиша договор кој ќе трае до крајот на оваа сезона, откако новајлијата Саша Калајџиќ се повреди и ќе паузира неколку месеци.

За Челси настапуваше од 2014 до 2017 година и во тој период одигра 89 натпревари, постигна 52 гола и забележа 18 асистенции.

Играше и за екипите на Брага и Ваљадолид, но се прослави дури кога во 2012 година го облече дресот на Атлетико, по бројните позајмици од мадридскиот клуб.

Од Атлетико замина во Челси, а од Лондон се врати во Мадрид, за подоцна да заигра за Атлетико Минеиро, со кого во зима го раскина договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот