ВИДЕО: Ди Марија се расплака откако се врати во клубот каде што ја започна кариерата
Аргентинската ѕвезда Анхел Ди Марија и официјално се врати во својот матичен клуб Росарио Централ. Ветеранот го комплетираше трансферот и беше претставен пред медиумите, а на прес-конференцијата имаше и еден емотивен моменти.
Препорачано
Ди Марија не можеше да ги сокрие солзите, а видеото во кое беа прикажани делови од неговото детство и првите чекори на фудбалските терени во Росарио, допре до срцето на аргентинскиот ас.
„Овој момент го сонував со години. Се надевав дека ќе се вратам и порано, но околностите не го дозволија тоа. Конечно сум тука и едвај чекам повторно да истрчам на мојот стадион“, изјави видно возбудениот Ди Марија.
По блескавата европска кариера низ клубови како Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус, Ди Марија се враќа во татковината со желба да му подари уште фудбалска магија на клубот што му го отвори патот кон светската сцена.
Qué momento en la rueda de prensa de presentación de Angelito Di María como nuevo jugador de Rosario Central.
Proyectan un video que resume su carrera. Él, completamente emocionado.
Bienvenido de vuelta, Angelito💙💛
— Juez Central (@Juezcentral) July 7, 2025


