ВИДЕО: Џејмс ги водеше Лејкерси до победа над Голден стејт!

Играчот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс суспендиран поради удирање со лакт на мечот со Детроит/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Езерџиите“ доцна синоќа го совладаа Голден стејт со 103:100 во натпреварот за место во плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата.

Леброн Џејмс постигна 22 поени, имаше 11 скокови и 10 асистенции, што е негов петти „трипл-дабл“ учинок во дресот на Лос Анџелес лејкерс сезонава.

На една минута до крајот на средбата „Кралот“ Џејмс постигна тројка со што го постави и конечниот резултат. Поефикасен беше само неговиот клупски колега Ентони Дејвис со 25 поени (12 скока).

За „воините“ доминираше Стеф Кари со 37 поени, додавајќи седум скока и три асистенции. Мечот можеше да отиде во продолжение, но Кент Бејзмор погреши во додавањето.

Лејкерси на тој начин се изборија за плеј-оф како седма екипа и ќе играат против второпласираниот Феникс санс.

Голден стејт ќе се соочи со Мемфис гризлис кој пак го победи Сан Антонио во вториот плеј-ин дуел за осмото место во плеј-офот кое донесува пресметка со првопласираната на Западот, Јута џез.

За Гризлис во синоќешниот триумф блескаше Дилон Брукс со 24 поени (седум скока), следен од Јонас Валанчиунас со 23 поени и 23 скокови. Кај Спарси по 20 поени имаа Демар ДеРозан и Руди Геј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот