ВИДЕО | Детроит незапирлив во НБА лигата, Атланта и Филаделфија забележаа важни победи
Кошаркарите на Детроит остварија нова победа во НБА лигата, откако лесно ја совладаа ослабената Минесота со 109:87. Тимбервулвс настапија без неколку важни играчи како Ајо Досунму, Џејден Даниелс и Ентони Едвардс.
Препорачано
Џејлен Дурен го предводеше Детроит до победа со 10 поени и 13 скока, додека ветеранот Тоби Харис беше најефикасен со 18 поени.
Пистонс се на првото место на Истокот со учинок 54-20, додека Минесота е на петтата позиција на Западот (45-29).
Филаделфија го победи Шарлот со 118:114 на гости, а Тајрис Макси, кој се врати на теренот за прв пат од втората недела од март, одигра клучна улога. Бекот на Сиксерси постигна 26 поени со осум асистенции и шест скока. Џоел Ембид додаде 29 поени, а Пол Џорџ 26. На другата страна, Брендон Милер погоди пет тројки и го заврши натпреварот со 29 поени и осум скока, додека Ламело Бол додаде 20 поени и осум асистенции.
Атланта беше подобра од Сакраменто со 123:113, со дури осум тројки во последната четвртина. Со оваа победа, тренерот на „Хоксите“, Квин Снајдер, стигна до 500 триумф во кариерата. Најефикасен играч во победничкиот тим беше Никеил Александар-Вокер со 27 поени, додека Џејлен Џонсон додаде 26 со 10 скока. Австралискиот центар Џок Ландејл исто така одигра добар натпревар со 19 поени и 13 скока. За „Кингс“, ДеМар ДеРозан постигна 22 поени.
Атланта моментно е на шестото место во Источната конференција што води директно во плејофот, веднаш пред седмопласираната Филаделфија која е на позиција која води во плејин.
НБА лига, резултати:
Милвоки – Сан Антонио 95:127
Минесота – Детроит 87:109
Шарлот – Филаделфија 114:118
Атланта – Сакраменто 123:113
Мемфис – Чикаго 125:124
Феникс – Јута 134:109


