Лацио во големото римско дерби во рамките на 18. коло од Серија А ја совладаа Рома со убедливи 3:0.
Популарното „Дерби дела каапитале“ му припадна на Лацио кој многу полесно од очекувањата дојдоа до третата победа по ред во Серија А, но вечерашната е „најслатка“ бидејќи е остварена над најголемиот ривал.
Лацијалите победата ја најавија уште во 14. минута преку Чиро Имобиле кој го отвори резултатот. Само девет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Луис Алберто. Истиот фудбалер го постигна и третиот гол, овој пат во 67. минута. Со новите три бода Лацио се искачи на делба на петтата позиција со 31. бод, додека Рома остана на третото место во 34. бода.